2win800x200

Четврток на 6 ноември во Битола - Јубилеен 25-ти детски музички фестивал „ТРА ЛА ЛА“ Битола!

Ноември 03, 2025
Јубилеен 25-ти детски музички фестивал „ТРА ЛА ЛА“ во Битола!
На 6 ноември, во Центарот за култура – Битола, ќе се одржи јубилејното 25-то издание на детскиот музички фестивал „ТРА ЛА ЛА“. Публиката ќе има можност да ужива во нови детски песнички, многу музика, емоции и насмевки на најмладите изведувачи.
Како што изјави Тони Алексовски, директорот на фестивалот, „сите сме горди што оваа година го одбележуваме големиот јубилеј. Ветуваме дека ќе има уште многу песни, детски насмевки и љубов кон музиката.“
Во изминатите 25 години, „ТРА ЛА ЛА“ донесе на музичката сцена многу таленти, а многу поранешни учесници денес се дел од светот на музиката. Претставници на фестивалот достојно ја претставувале Македонија на 63 фестивали надвор од државата, во речиси сите европски земји.
фестивалот ќе се одржи во четврток на 6 ноември во Центарот за култура во Битола со почеток во 19:30 часот. 
574574201 122230183250259362 5679853761982487547 n
574576550 122230183214259362 8044218278407155340 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани