2win800x200

Сојузот на борци од Битола со традиционална прослава на "4 Ноември" денот на ослободувањето на градот

Ноември 03, 2025

11 Октомври и 4 Ноември одбележани со активности со учениците од основните училишта во Општина Битола, во организација на ОО на Сојуз на борци – Битола.

На традиционалната заедничка прослава, оваа година посветена на 11 Октомври – Денот на народното востание и 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, учествуваа учениците од основните училишта: ОУ „Коле Канински“, ОУ „Стив Наумов“, ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ОУ „Гоце Делчев“, ОУ „Трифун Пановски“, ОУ „Тодор Ангелевски“, ОУ „Елпида Караманди“, ОУ „Св. Климент Охридски“ и ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.  Следна активност беше доделување на наградите во три категории по литературниот конкурс ,, Пламенот наш октомвриски вечно гори" со наслов ,,Алејата на борците во мојот град" за 2025 година.  Како последен настан беше денешниот посветен на Денот на ослободувањето на Битола, кој се одржа во Алејата на борците на Градското шеталиште во Битола.  На настанот учениците од ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола и ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола проследија историски час, а потоа полагаа свежо цвеќе пред спомен-бистите.
 
Честит 4 Ноември! 1000008517 1000008516 1000008515 1000008513 1000008514 1000008512
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани