Нова противпожарна станица за Битола со поддршка на САД, објави градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
-Сакам да соопштам голема вест за нашиот град благодарение на донацијата во износ од $1,093,017,00, долари обезбедена преку Инженериската команда на морнаричките сили на САД (NAVFAC), Битола ќе добие нова, современа противпожарна станица.
Ова е проект од огромно значење за безбедноста на нашите граѓани и подобрување на условите за работа на нашите пожарникари.
На утрешната вонредна седница на Советот на Општина Битола, очекувам едногласна поддршка од сите советници, бидејќи ова е проект што е над политиката проект во интерес на сите битолчани.
За посигурна, побезбедна и помодерна Битола!, соопшти Коњановски.