
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Гласајте за Искра Нечаковска, Олег Трајковски и Андреа Нешковска, ученици од Горната гимназија во Битола кои успеаја да се пласираат меѓу топ 50 најдобри бизнис-идеи на националниот средношколски натпревар за млади иноватори. Искра, Олег и Андреа се надарени ученици со награда на меѓународни олимпијади и државни натпревари.
Проектот на битолските ученици привлече внимание со својата креативност и практична примена, а сега тие се борат за пласман во следниот круг од натпреварот.
За да продолжат натаму, на учениците им е потребна поддршка од јавноста преку онлајн гласање.
Гласањето е отворено на следниот линк https://milioner.mk/vote/644bc57b-b321-4dd9-8d74-4a70a63651f7, а може да се изврши со најавување преку Google, Facebook или X профил.
Организаторите потсетуваат дека секој глас е важен, а поддршката од граѓаните може да им помогне на младите битолчани да стигнат до финалето и да ја претстават Битола како град на таленти и идеи.
