2win800x200

Во Битола се одржа работилница на тема: ,,Не за малолетнички бракови"

Ноември 08, 2025

Работилница со млади на тема „Не за малолетнички бракови“ – Битола

 
На 5 ноември 2025 година, во просториите на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, се одржа едукативна работилница со млади за превенција од малолетнички бракови, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Општина Битола. 
 1000008972
Фацилитатор на работилницата беше м-р Фатма Бајрам Аземовска, која ја водеше сесијата преку интерактивен и отворен пристап – насочен кон разбирање, емпатија и дијалог.
Настанот го модерираше Ѓултен Мустафова, Национален програмски офицер во Мисијата на ОБСЕ, која ја истакна важноста на образованието, поддршката и личниот избор како пат кон еднаквост и самостојност.
Во име на Општина Битола се обрати Наташа Ташкова Поповска, нагласувајќи ја посветеноста на Општината кон создавање средина во која секое дете расте без притисоци и со можност за развој, учење и напредок.1000008970
 
 Преку инспиративни приказни и отворен разговор
Учесниците го погледнаа видеото „Не за малолетнички бракови“ подготвено од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, кое реално ги прикажува последиците и влијанието на раните бракови.
Во делот „ Моето искуство – што изгубив и што научив“ своја приказна сподели Мерзука Сулиманоска, говорејќи за изгубеното детство и храброста да започне нов почеток.
Младата активистка м-р Ферзије Асаноска ја нагласи улогата на образованието како сила за промена и истакна дека секоја девојка има право да избере свој пат и иднина со достоинство.1000008968
  Законска рамка и заштита на децата
Претставници од СВР Битола – Отсек за превенција, Мирјана Недановска и Ките Трајковски, зборуваа за раните бракови како прекршување на детските права и потсетија дека секој случај треба да биде пријавен и третиран со внимание и грижа.
 
Телесни и психолошки последици
Д-р Маргарита Камбовска, супспецијалист по неонатологија, говореше за промените во адолесценцијата и важноста на здравствената едукација наместо предвремените бракови.
 
Активност: „Мојата иднина вреди да чека“
Во интерактивниот дел, Наташа Беќирова, семеен терапевт од Женскиот центар за поддршка, ја водеше активноста преку која младите ги дефинираа своите цели, вредности и аспирации.
 
Работилницата заврши со заеднички пораки за подигање на свеста, вмрежување и поттикнување на дијалог меѓу институциите, училиштата и семејствата.1000008974
 
Порака што ја понесовме:
 
Секоја девојка има право да расте, да сонува и да одлучува за својата иднина.
 
1000008971
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани