2win800x200

Потпишан е договорот за изработка на физибилити студијата за Гондолата на Пелистер!, објави градоначалникот Коњановски

Ноември 11, 2025
Потпишан е договорот за изработка на физибилити студијата за Гондолата на Пелистер!, објави градоначалникот Тони Коњановски.
 

Потпишан е договорот за изработка на физибилити студијата за изградба на гондолската жичница на Пелистер, проект кој локалната самоуправа го оценува како стратешки за развојот на туризмот во Битола и регионот.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, соопшти дека овој чекор претставува значајно движење напред во насока на реализација на еден од најважните планови за подобрување на туристичката понуда на националниот парк.

„Со потпишувањето на договорот се отвора патот кон конкретизација на проектот. Во текот на месец декември ќе следуваат активности за вклучување на сите засегнати страни: институции, експерти и граѓани, со цел заеднички да го обликуваме овој проект“, изјави Коњановски.

Гондолата на Пелистер се смета за долгогодишна желба на локалната заедница и туристичкиот сектор, со очекување дека ќе придонесе кон зголемена посетеност, нови содржини и подобрена пристапност до планинските атракции.

Проектот се наоѓа во фаза на анализи и процени, по чие завршување ќе се пристапи кон следните чекори за негова реализација.

Можно е да е слика од еден или повеќемина
Можно е да е слика од еден или повеќемина
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани