2win800x200

Координативен состанок на Зимската служба во Битола

Ноември 12, 2025
Воочи престојниот зимски период, се одржа координативен состанок со сите вклучени чинители во Зимската служба.
582529461 867975095585373 5019182939196481113 n
 
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски и раководителката на Одделението за комунални дејности Марјана Спасевска, ги запознаа претставниците на претпријатијата кои се дел од Зимската служба на општина Битола, СВР Битола и останатите претставници, со програмата за Зимската служба 2025-2026 година, која ќе се најде на дневен ред на следната седница на Советот на општина Битола.
582424203 867975115585371 6077276036507733553 n
 
Преку организационата поставеност се дефинира обемот на работите и задолженијата на директните учесници вклучени во реализација на оваа Програма како и начинот на нивното делување.
Координирањето на активностите во зимски услови го врши Координативно тело формирано од градоначалникот, составено од претставници на Комисијата за јавни комунални дејности на Советот на Општина Битола, јавната администрација на Општина Битола, Општински инспекторат, јавни претпријатија, СВР Битола и Дирекција за заштита и спасување - Битола.
 
582421767 867975118918704 3160156776577458947 n
Навременото организирање и планирање на интервенциите е со цел подготвеност на зимската служба за соодветно постапување во зимски услови.
 
581257799 867975122252037 107389470931647431 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани