2win800x200

Коњановски домаќин на новоименуваната амбасадорка на Кина во Македонија

Ноември 12, 2025

ПРВА РАБОТНА ПОСЕТА НА НОВОИМЕНУВАНАТА КИНЕСКА АМБАСАДОРКА НА ОПШТИНА БИТОЛА

 
Новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија, нејзината екселенција Џијанг Сјаојан оствари прва работна посета на општина Битола, по нејзиното назначување како претставник на кинеската влада во Македонија.
 
На средбата со градоначалникот Тони Коњановски, таа изрази задоволство од првата посета на Битола и посочи дека е воодушевена од нејзината архитектура. 
 
Градоначалникот Коњановски ја истакна богатата културна и историска традиција на Битола, а амбасадорката посочи дека е многу значајно за една земја да го чува своето минато и традиција.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани