2win800x200

На стадионот во Битола ќе се игра голем фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Шведска

Ноември 13, 2025

Стадионот „Петар Милошевски" повторно е домаќин на голем фудбалски натпревар, помеѓу фудбалската репрезентација на Македонија и репрезентацијата на Шведска, за фудбалери до 21 година.

Натпреварот со последниот противник од првиот круг ќе се одигрува денес со почеток во 17:00 часот, од квалификациите за пласман на европското првенство во 2027 година.

Откако стадионот „Петар Милошевски" ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца за втора категорија, се здоби со можност да биде домаќин на големи фудбалски натпревари, а досега, во само два месеци, се одиграа два големи фудбалски натпревари.

Билети за натпреварот можат да се набават по електро ски пат на страницата на ФФМ, на следниот линк:

https://eticket.ffm.mk/stadion-bitola/

Ве повикуваме заедно да го поддржиме македонскиот фудбалски тим и да ја покажеме битолската навивачка традиција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани