2win800x200

Традиционална комеморациjа на загинати 33 македонски борци под француско знаме на македонски фронт 1914-19918

Ноември 13, 2025

Коломбел, 11 ноември 2025 – Во срцето на Нормандија, на денот на француското национално сеќавање од завршувањето на Првата светска војна, македонско-француските здруженија „Илинден 1903“ и „Заборавени Македонци“, заедно со претставници на македонската дијаспора, оддадоа почит на паднатите македонски борци кои го дадоа својот живот во Првата светска војна, рамо до рамо со француските и сојузничките сили во Македонија. 

11 ноември во Франција е национален празник познат како „Ден на примирието“, со кој се одбележува крајот на Првата светска војна во 1918 година, кога во 11 часот беше потпишано примирието меѓу сојузничките сили и Германија. На овој ден, низ целата земја се одржуваат комеморативни церемонии во чест на сите паднати борци и жртви на војната, а сеќавањето претставува симбол на мирот и помирувањето меѓу народите. 
Церемонијата се одржа во Коломбел, во присуство на градоначалникот Марк Потије, кој ја нагласи важноста на интернационалната меморија и пријателството меѓу народите. 
„Овие херои, кои често остануваат во сенка на големите наративи, заслужуваат да бидат дел од нашата заедничка историја, “ изјави Иљо Бундевски во својот говор, проследен со македонската и француската химна. 
Македонско-француското здружение „Илинден 1903“, е основано со цел да ги зближи Нормандија и Македонија преку културни и историски врски. 
На спомен-плочата во Коломбел се врежани имињата на македонските борци, симбол на жртвата и достоинството. 
Со оваа комеморација, Франција и Македонија повторно потврдија дека сеќавањето е мост меѓу генерациите и народите. „Нашата задача е да не дозволиме овие имиња да исчезнат од историјата,“ порача претседателот на македонско-француското здружение „Илинден 1903“, Смиле Петровски. 1000009097 1000009098 1000009099 1000009100
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани