ЈП КОМУНАЛЕЦ Битола започнува со реализација на проектот RU READY – Акции за намалување, повторна употреба и рециклирање за прекугранична интеракција
ЈП Комуналец Битола е дел од проектот RU READY, 24-месечна прекугранична иницијатива која ја промовира циркуларната економија и одржливото управување со отпад.
Проектот се реализира во рамките на INTERREG VI-A ИПА програма „Грција – Македонија 2021-2027“ и е кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на двете земји со вкупен буџет од 851.754,18 евра.
Во рамките на проектот, JП Комуналец ќе го воспостави првиот Центар за повторна употреба во Македонија, кој ќе им овозможи граѓаните да можат да донираат материјали и производи наместо да ги фрлаат и истите да завршат на депонија, а од друга страна бесплатно да подигнат и користат материјали и производи кои би им биле потребни.
Со ова, ја правиме Битола првиот град во земјата што воведува ваков современ пристап кон управување со отпад. Проектот директно ги таргетира домаќинствата и граѓаните (околу 85.000 жители во Битолa) кои ќе усвојат нови навики за рециклирање и повторна употреба во нивниот секојдневен живот.
Проектот RU READY претставува важен чекор кон позелена иднина, нови работни можности и зголемена еколошка свест. Веруваме дека преку соработка и заеднички напори институциите, граѓаните и локалните бизниси можеме да придонесеме за почиста животна средина и поодржлива заедница.“