2win800x200

„Дијабет на работа“ - обука за вработените во Подружница РЕК „Битола“

Ноември 14, 2025

Во пресрет на 14 ноември - Светскиот ден на дијабетот, Самостојниот синдикат на работниците од Енергетика, Рударство и Индустрија на Р.Македонија - ССЕРИ при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, во Подружница РЕК Битола организираа видео презентација, посветена на справување со состојбата предизвикана од дијабетот на работното место.

Според претставниците од Сојузот на дијабетичари на Македонија, кои имаа интерактивна средба со присутните работници, најголемиот број на регистрирани лица со дијабет на подрачјето на Битола, се токму работници во Комбинатот.

 

Во презентацијата д-р Џулијана Михајловска ендокринолог при Клиниката Жан Митрев ги опфати основните начела на ова заболување кое е се помасовно застапено не само во земјава туку и во светот, содржеше и конкретни насоки, доколку се случи состојба предизвикана од дијабет кај лице со дијабет, како да си помогне. Едукацијата е за дијабетичари,  но и за останатите варботени како да препознаат и да му помогнат на колегата, иако го немаат заболувањето.

Со цел информирање во континуитет на засегнатите од оваа проблематика од Здружението беше иницирана соработка преку видео туторијали во денешно време на дигитализација, вработените во РЕК Битола навремено да бидат информирани, едуцирани и надоградени во своите знаења во борбата со дијабетот.

Имено основната борба со ова заболување е правилниот начин на исхрана, физичката активност, свесноста за состојбата и постојано надоградување на сопственото знаење, бидејќи секој организам е различен и поинаку реагира, со други зборови колку подобро се самоспознаеме толку внесот на инсулински единици е помал.

photo 2025 11 13 13 35 56

Текст Прес служба РЕК „Битола“ 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани