2win800x200

Членот на Училишниот одбор од Бистрица кој вербално ја нападнал директорката на училиштето сам побарал да биде разрешен од Советот на општина Битола

Ноември 14, 2025

До Советот на Општина Битола пристигнало барање од член на Училишниот одбор од училиштето во село Бистрица, битолско да биде реазрешен. Советот точката ја стави на дневен ред и ќе одлучува денеска.

Вчера директорката на Подрачното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, битолско, пријавила дека член на Училишниот одбор и упатил закани и вербални напади со цел таа да си поднесе оставка од директор.

„Влезе без најава во канцеларијата и почна насилно и агресивно вербално да ме напаѓа. Се закануваше со разни пријави, ми упати многу навреди и недостојни зборови. Го предупредив дека се наоѓа во службени простории и не смее така да се однесува но тој продолжи уште пожестоко. Бидејќи не престануваше пријавив во МВР по што тој веднаш замина. Полицијата дојде направи записник, по што ми се влоши здравствената состојба и беше повикана служба за итна медицинска помош. За жал ова не е единствен ваков случај во државата и време е сите заедно да се избориме еднаш за секогаш да престанат заканите и ваквите напади од локални кметови кои сметаат дека целата власт е во нив“, се обрати вчера директорката на основното училиште во Бистрица Татјана Апостоловска-Ѓоргиевска преку фејсбук страната на училиштето.

Денеска на почетокот на седницата на Советот на Општина Битола, советникот на СДСМ Петар Николовски побара разрешување на членот на Училишниот одбор, додека претседателот на Советот, Бојан Бојкоски пред советниците кажа дека членот на Училишниот одбор во училиштето во село Бистрица само побарал да биде сменет, за што веќе е поставена точка на дневен ред и советниците ќе треба да се изјаснат.  

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани