АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поскапува градскиот превоз во Битола од 20 на 30 денари, прва зона. Втора зона за селата Долно Оризари и Крклино како и Кравари 50 денари и Бистрица од 35 на 60 денари за возен билет во еден правец. А најоддалечените населени места во општина Битола од 90 на 105 денари во еден правец.
-Бесплатниот превоз за пензионери во вторник и петок е само обично прикривање на поскапупавањето на градскиот превоз. Продолжуваат поскапувањата на услугите кои се под надлежност на локалната власт. По поскапувањето на такси превозот од среда ќе поскапи и градскиот превоз, што во овој момент дополнотелно ќе го оптовари семејниот буџет на многу битолски семејства, вели советникот на ЛДП Валентин Груевски.