2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Туристите ќе ја шетаат Хераклеја со аудио водич на седум јазици

Март 28, 2022

Посетителите во локалитет Хераклеја веќе нема да чекаат туристички водич да ги запознае со античкиот град туку ќе можат сами да го разгледаат користејќи повеќејазичен аудио водич. Пристпот до ова дигитално решение е многу едностапвен, со скинирање на кодот поставен на информативнитивните табли во локалитетот, со мобилен телефон. Алатката овозможува информации за 12 точки на локалитетот на седум јазици: македонски, англиски, албански, германски, француски, италијански и полски.

Се завршува и изработката на апликациите и поставување на опремата кои ќе овозможат да се добие вирутуелна реалност за изгледот на Хераклеја. Ова е дел од проектот „Смарт- кул-тур“ финансиран со европски пари преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија во вредност од 750 000 евра, од кои над 100 000 евра грант од Министерството за локална самоуправа.277311576 1173973560106656 2295625629868001792 n

„Проектот кој се реализираше во изминатите 28 месеци опфати многу активности од инфраструктурен карактер во Хераклеја, тоа вклучува осовременување на пристапната патека до театарот, поставени единици за контрола на влез на посетители, опремување и осовременување на сувенирницата и на музејскиот простор на Херклеја кој долг период беше затворен и недостапен за посетителите поради инфраструктурни проблеми кои сега се надминати. Поставен е лифт на лица со поречености и пристпни рампи кои за првпат овозможија на оваа група на граѓани да присуствуваат на културните настани и да доѓаат на видиковецот од каде ќе можат да го видат цел локалитет“, рече Мери Стојанова, директор на Завод и музеј-Битола.

Минатото лето посетеноста на Хераклеја беше поголема во споредба со првата година од пандемијата, а надлежните се надеваат дека годинава ќе биде уште поспосетена и дека можеби ќе се доближат до оние посакувани бројки од претходно, односно од 20 000 до 30 000 туристи годишно.

„Ова е завршен настан од прокетот во кој Општината беше лидер партнер. Направено е подобрување на пристапноста, инфраструктурно уредување, преземени се чекори кои го поттикнуваат туристичкиот равој на регионот Пелагонија –Корча, промоција и заштита на културното наследство, а се со цел за размномерен и одржлив социо-економски развој во пограничниот регион. Битола ја очекува период на културна и туристичка презентација, а и поголем туристички приход, намерниците да останат во Битола не само да ја одминат“, рече градоначалникот Тони Коњановски.оваа 6

Прокетот ќе се продолжи и во втора фаза.

„Проектот се покажа како добар , па и од следниот повик ЕУ одобри втора фаза во која ќе се реновира дворот во Пацието и објектрот Парк кој е до Офицерски дом и сите занеме каква руина е“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Од албанска страна во село Глобочани, општина Пустец, реконструирана е старата училишна зграда каде некогаш учел албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе и во неа е отворен музеј со негови лични предмети презентирани на динамичен и модерен начин.оваа5

„За разлика од другите партнери во проектот кои се занимаваа со инфраструктурни активности, улогата на МКЦ Битола беше да работи со локалната заедница со и за граѓаните и сметам дека ова е најсуштинскиот дел, посебно во делот на Мала Преспа преку овој проект се добива можност за заживување од повеќе аспекти. Иселувањето од тие подрачја е во големи размери, па преку овие активности се даде импулс за да поттикнеме туризам, но и многу мали бизниси да проработат и луѓето да останат на своите родни огништа“, рече Сашо Договски, директор на МКЦ.

277156186 5337471012971122 5404991587770455295 n

277420826 5333968399946584 6497657648557688379 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани