2win800x200

Денес во Битола Комеморација на Француските гробишта

Ноември 14, 2025

ЗАЕДНИЧКА КОМЕМОРАЦИЈА НА ФРАНЦУСКИТЕ ВОЕНИ ГРОБИШТА ВО БИТОЛА

 1000009142
На Француските воени гробишта во Битола денес се одржа комеморативна церемонија по повод одбележувањето на примирјето од 11 ноември 1918 година и „Денот на народната жалост“.1000009145
 
Настанот, организиран од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, беше посветен на споменот на сите загинати, повредени, исчезнати и прогонети во воените конфликти, без разлика на нивната национална припадност. 
 
По тој повод, цвеќе положија амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, како и претставници на армијата, останати институции и други делегации. 1000009147
 
Меморијалниот простор на Француските воени гробишта претставува траен споменик на војниците кои го положиле својот живот и потсетник на значајната улога на Македонскиот фронт во поширокиот европски историски контекст. Овој комплекс нè охрабрува да го негуваме сеќавањето и да ги вреднуваме поуките од минатото, со стремеж кон создавање иднина заснована на меѓусебно почитување, солидарност и пријателство.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани