2win800x200

Денес во Битола - Министерството за одбрана на Франција го одликува полковник Кире Николовски со Сребрен медал за национална одбрана

Ноември 14, 2025

Министерството за одбрана и вооружени сили на Република Франција денес во Битола го одликуваше со Сребрен медал за национална одбрана, полковникот Кире Николовски.

На свечена церемонија што се одржа во присуство на амбасадори и претставници на амбасади од повеќе европски држави, како и делегација на Општина Битола, полковникот Кире Николовски беше промовиран како високо стручна личност, претставник на вооружените сили на Република Македонија.

„Во текот на 2023-2024 година полковник Кире Николовски од вооружените сили на Македонија посетуваше обука во Воената Школа во Париз. Во текот на обуката тој извонредно се интегрираше меѓу армиската, и меѓу народната средина, во која претстави прекрасна слика за неговата татковина. Во оваа свечена пригода сакам да се заблагодарам на македонските власти што на француската армија и ја доверија обуката на високо ниво на полковникот Николовски. Тоа ќе се покаже исплатливо за неговата интероперабилност заедно со француските сили на мултилатерален и билатерален план. Полковник Кире Николовски, во име на министерот за одбрана и вооружените сили на Франција ви доделуваме Сребрен медал за национална одбрана, беше истакнато на свеченоста во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани