2win800x200

Во Бистрица снегот и студот ги уништи овошките

Април 07, 2025
фото Зелена берза фото Зелена берза

Снегот што вчера врнеше во Битола и битолско и ниските утрински температури кои се спуштија под нулата уништија добар дел од расцутените овошки во битолско.

IMG b2553da5c7dad1a6a2dbafe6bc27be11 V 450x600

Виолета Јанеска, овоштар од селото Бистрица, каде се произведуваат познатите бистрички јаболка и праски, се жали дека снегот ги уништи не само праските и јаболката, туку сите овошки, вклучително и јагодите. Штетите од неповолните климатски услови ќе бидат ненадоместливи, вели Јаневска, особено за семејствата кои исклучиво егзистираат од земјоделие. Цутот кај овошките е уништен не само поради ниските ноќни и утрински температури туку и поради тежината и влажноста на снегот.

„Ако потрае студот ќе нема овошје да се купи. Пари ќе имаме, ама овошје ќе немаме“, реагира Јанеска.

IMG e53402a8bbfd53288914afeb1491c6d4 V 450x600

Таа вели пред две недели кога температурата ноќе се спушти и до минус 8 степени палеле оган низ овоштарниците и ги загревале со чадот овошките да не измрзнат, но сега поради големата влажност и тежина на снегот вели попусто било и покривањето на  овошките со најлони.

„Состојбата ќе биде алармантна доколку температурите повторно се спуштат во утринските часови како што се најавува до -8 степени. Штетата од пред 2 седмици беше повеќе од 70 проценти, но доколку се повтори истото ќе биде 100 проценти уништен род на сите овошки: праски, сливи, цреши, јаболка па дури и првата берба на јагодите. Најмногу оштетени ќе бидат семејствата кои егзистираат само од овоштарство и ќе биде многу тешка година за нив“, вели Виолета Јанеска овоштар од Бистрица, битолско.

IMG 63a5c00fd837c25f547dc23341770226 V 450x600

Семејството Јанески обработува 3 хектари со овоштарници. На површина од 2 хектари се одгледува   сортата златен делишес и грини смит. На околу половина хектар има насади со праски, и секако туку се сливите и јагодите. Во бавчите веќе имаат и 300 корени цреши.

Анета Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани