2win800x200

Дивите депонии и изораните меѓи и брегот на реката Драгор најголема опасност за поплави во Битолско

Ноември 21, 2025

Голем дожд падна во изминатите три дена во Општина Битола и во моментот критични се 14 позиции во Битола и околните рурални средини. Сите јавни претпријатија од градот  „Нискоградба“, Водовод“ и „Комуналец“, потоа РЕК „Битола“ и „Битолско поле“ со механизација се распределени на клучни критични точки, а во справувањето со непогодата учествуваат и неколку битолски приватни фирми како што се ГП „Пелистер“,  „Зимак“, „Јоска Транс“, „Стентон градба“ и „БВ Инженеринг“.  1000009393

Според градоначалникот Тони Коњановски во изминатите три дена во Битола и Битолско паднаа обилни врнежи од дожд, така што според мерната станица кај Стрежевското Езеро наврнале 118 литри на метар квадратен, а податоците од мерната станица кај „Цермат“ во последните 48 часа наврнале 69 литри на метар квадратен дожд.  1000009391
Ситуација е критична на дузина позиции во градот и селата, особено во долниот дел кај Битолско поле каде заради диви депонии и купишта отпад од најразличен вид се затнати неколку канали, а несовесни граѓани ги изорале и меѓите и брегот на реката Драгор така што нема што да ја запре водата од излевање. 1000009390
„Во овој момент 14 багери и друг вид на градежна механизација се распределени на критични точки каде има опасност од излевање на водата од реката Драгор и поголемите собирни канали. Механизацијата чисти диви депонии, ѓубре од секаков вид, отпад од стари автомобили, пластични шишиња, стар мебел, фрлени по каналите од каде сега водата се заканува да поплави објекти. Интензивно се работи  на расчистување на ѓубрето, а веќе се спремни 400 вреќи со песок да се постават пред клучни позиции во населените места“, изјави за АПЛА градоначалникот Тони Коњановски.
Моментално е кајкритично во атарот на населените места Карамани и Долно Оризари. Тука реката Драгор по својот тек нема брег, оти се е изорано претходно па постои опасност од излевање. Механизација на ГП „Пелистер“ го расчистува теренот после објектот на ЗК Пелагонија, багери работат и во Општина Новаци кај Тринаесети канал, во селата Меџитлија , Лажец, Породин, Жабени интензивно се работи  на обезбедување канали за проток на насобраната вода, а во селото Лера исто така има критична ситуација каде багерите пробиваат канали поради голема насобрана вода на патот. 1000009394
Механизација на БВ „Инженерин“ работи на позиција на Брусничка населба над зградите Ремо каде проблем прават насобрани води од каналите на Курделец. 
„Ситуацијата бурно се следи од страна на Кризниот штаб, поради временските непогоди ни понудија помош и од околните општини. Граѓаните да бидат особено внимателни каде има поголема вода и да побараат помош од нас“, вели градоначалникот Коњановски. 
Она што го забележуваат ангажираните лица од јавните претпријатија на терен е што големи количини на пластика, шишиња и друг отпад од селото Кишава водата ги однела во селото Граешница, а од таму отпадот завршил во селото Лажец како најниска точка.  Текст Анета Блажевска 1000009392 1000009395
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани