Информација за обилните врнежи на територијата на Р.С. Македонија до 08:00 часот
Општина Битола пријавува повеќе интервенции:
– ЈП Битола работи во подпелистерските села Нижеполе, Дихово, Цапари, Породин, Жабени, Лажец, Меџитлија, Острец, Граешница и Кишава.
– ЈП „Нискоградба“ и АД Водостопанство подигаат насипи на р.Драгор кај Долно Оризари.
– На мостот во Карамани се расчистуваат гранки и отпад со цел зголемување на протокот.
– ХМС „Стрежево“ ги чисти пропустите на Цапарска река (Доленци–Лера).
– Ангажирана е целата механизација, екипите остануваат на терен и во текот на ноќта.
– Поради вода на коловоз, затворени се патиштата Лера–Доленци и кон Цапари.
– Нивото на р.Црна е зголемено на 2,7 м (во 15:30 ч).
– ЈКП Водовод – Битола работи на дефект што предизвика прекин на водоснабдување од Кравари до Меџитлија.
– Преку Е-112 пријавени се повеќе поплави на подруми, дворови, паднато дрво и ризик од излевање на канали.