АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Посетителите во националниот парк Пелистер до крајот на годинава ќе бидат ослободени од плаќање влезница, најави градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет.
,,„Како опозиција баравме битолчани да бидат ослободени од плаќање влез во националниот парк Пелистер зашто тоа е најмалку што може да биде направено за да им се овзоможи да одат до најблиската дестинација каде можат да уживаат во благодетите на природата, особено од здравствен аспект. Со ребалансот се предвидуваат средства со кои Советот на Општина Битола ќе им овозможи на битолчани до крајот на оваа фискална година да можат бесплатно да влегуваат во паркот“, рече Петровска.
Општината е во разговори со Управата на Националниот парк за да им се рефундираат средства кои се собираа со посетите во паркот со цел битолчани бесплатно да уживаат во убавините на најстариот национален парк во земјава.