2win800x200

Ученичката Јана Китановска од Битола се закити со државна награда на литературниот конкурс на тема ,,Да ја доближеме правдата поблиску до граѓаните"

Ноември 24, 2025

Ученичката Јана Китановска од Гимназија ,,Јосип Броз-Тито" - Битола, под менторство на професорката по Македонски јазик и литература, м-р Симона Петровска, е меѓу трите најдобри на државно ниво, на литературен конкурс, на тема ,,Да ја доближеме правдата поблиску до граѓаните". Настанот беше организиран по повод Европскиот ден на правдата од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Советот на Европа во Скопје. Преку силата на својот говор, со моќни метафори и посебно чувство за доживување на убавото во уметничкиот израз, младата авторка упатува недвосмислена порака дека правдата треба да биде достапна до сите, а еднаквоста стремежот кон кој деноноќно треба да тежнееме. 1000009463 ,,Еднаквоста не бара совршенство, таа бара само разбирање."  -,,Како првите сјајни зраци кои се пробиваат низ маглата во утробата на новото раѓање, така и свеста за еднаквост бавно протекува низ пукнатините на рамнодушноста. Секој зрак, секој напредок, секој подвиг, започнува со ново будење, со чиста душа што одбила да спие додека другата немо тоне до дното и осамено страда соочувајќи се со вревата на внатрешниот немир." 1000009462

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани