НОВ ПОКРИВ на зградата на ООУ "Св.Климент Охридски" во Битола. Завршена е реконструкцијата на кровната конструкција на ООУ"Св.Климент Охридски" Битола.
Мината недела заврши реконструкцијата на кровната конструкција и со
оваа нова инвестиција значително се подобрија условите за реализација на воспитно-образовниот процес во училиштето.
-Проектот во вредност од 80.314 евра опфати замена 1.800 м2 кровна површина. Проектот беше реализиран со финансиска поддршка од Јапонската амбасада.Ова е втор пат Јапонија да одобрува гранд за обнова и реконструкција во ова училиште, изјави директорот Предраг Созовски.
Минатата недела во посета на училиштето беше вториот секретар на Амбасадата н.е Накамура.На средбата училиштето се заблагодари за поддршката која во континуитет ја добива од Јапонија и се укажа дека соработка продолжува и понатаму.
