Поголема количина моторно масло излеано на улица во центарот на Битола

Ноември 25, 2025

Градоначалникот Тони Коњановски доцна вечерва објави дека моторно масло е излеано на една од фреквентните улици во центарот на Битола - При изведување на градежни работи на приватен објект на ул. ,,Климент Охридски", од градежна машина била излеана поголема количина моторно масло. По добиената пријава, Општинската инспекција веднаш излезе на терен и ја потврди состојбата. 1000009601

 
Утврден е објекот на изведување на градежните работи и за ваквиот прекршок ќе биде изречена соодветна казна.
 
Екипите на ЈП „Паркинзи“ во координација со СВР БИТОЛА ќе постават вертикална сигнализација со цел поголема внимателност при возење на овој дел од коловозот, објави Коњановски. 1000009600
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани