
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈКП Комуналец Битола ги исчисти и изми улиците каде беше излеано моторно масло од градежна машина во центарот на Битола. Градоначалникот Тони Коњановски вчера вечер објави дека при изведување на градежни работи на приватен објект на ул. "Св.Климент Охридски" во Битола, од градежна машина е излеана поголема количина моторно масло. Општинската инспекција веднаш излезе на терен, а за сторителот е најавена казна.
