2win800x200

Концерт на Тања Царовска и Камерниот оркестар од Битола на Фестивалот на музиката од светот

Ноември 28, 2025

Тања Царовска и Камерниот оркестар Битола подготвуваат извонредно музичко патување околу светот – софистицирана фузија на традиционални песни од различни култури и континенти. Концертот ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура во Битола.

Со меѓународна кариера во светот на филмската музика што се протега речиси три децении, гласот на Царовска е препознатлив дел од бројни филмски, театарски и танцови продукции. Таа изведува музика на широк спектар на јазици и стилови — од арапски и грчки до ирански, индиски, бангладешки и ерменски — секогаш враќајќи се кон својата длабока поврзаност со македонската традиционална песна. Во овој специјален музички проект, Царовска претставува избор на традиционални песни што ги открила низ своето долгогодишно уметничко патување. Колекцијата е исполнета со лични мелодии и спомени, оживеани преку нејзиниот препознатлив вокал и богатото звучно присуство на Камерниот оркестар Битола.

Концертот е во рамките на 17. Фестивал на музика од светот, што беше отворен синоќa со настапот на групата „Фонтана“ и гостинката од Измир, Гамезе Матраџи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани