2win800x200

Министерот Лимани ја посети новата градинка во Битола

Декември 16, 2025

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО МИНИСТЕРОТ ЛИМАНИ КОЈ Е ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, кој е во посета на Општина Битола.
 
На средбата се разговараше за социјалната заштита, која е во делот на локалната самоуправа и соработката меѓу двете институции, како и за демографската слика на Битола и мерките со кои се создаваат услови младите да останат тука.
 
Во рамките на посетата градоначалникот Коњановски и министерот Лимани ја посетијa и неодамна отворената градинка „Пчеличка“ која е дел од ЈОУДГ „Мајски цвет“ , а  сместена во објектот на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца. 
Градинката згрижува и воспитува деца од предучилишна возраст до 6 години и е со капацитет за згрижување на 76 деца.
Објектот ги опфаќа сите потребни занимални и дополнителни простории за квалитетни услови за престој на дечињата.
Градинката „Пчеличка“ е реконструирана, адаптирана и опремена со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади и со средства на Општина Битола.
 
Посетата на Битола, министерот Лимани заедно со градоначалникот Коњановски ја продолжи во Општинската организација на Црвен крст -Битола, каде што се сретнаа со раководството и вработените како и со волонтерите на организацијата.
За време на посетата, министерот беше запознаен со тековните активности и програми кои Црвениот крст -Битола ги реализира во областа на социјалната заштита, хуманитарната помош и поддршката на ранливите категории граѓани.
Посебен акцент беше ставен на реконструираните простории каде што е сместена услугата лична асистенција која Општинската организација на Црвениот крст-Битола успешно ја спроведува од 2018 година, а воедно и просториите наменети за сервисот Итно копче и услугата помош и нега во домот кои се стратешки цели на ООЦК Битола за 2026 година. Дополнително се изврши и увид на делот наменет за Дневен центар за активно стареење на стари лица кој е сеуште во фаза на градежни активности и ќе биде биде пуштен во употреба по завршувањето на целосната постапка за лиценцирање.
 
Во денешната агенда беше и посетата на Центарот за социјални работи-Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани