2win800x200

Битолчанецот Драган Крајовски е избран за нов член на Извршниот одбор на СДСМ

Декември 16, 2025

Битолскиот социјалдемократ Драган Крајовски вечерва  е избран за нов член на Извршниот одбор на СДСМ. Крајовски е единствен битолчанец во реформираниот тим на Венко Филипче, откако од местото потпретседател беше разрешен Методија Илиевски. Драган Крајовски во март 2022 година беше назначен за  лидер на ОО на СДСМ Битола и дојде на местото на дотогашниот претседател Златко Ќурчиевски. Крајовски беше разрешен во октомври 2024 година, кога за претседател на ОО на СДСМ беше избран актуелниот  Методија Куновски. Крајовски е правник по професија, адвокат, а за време на СДСМ беше  директор на Затворот „Црн мост“ во Битола. Крајовски во својата партиска кариера беше и лидер на младината на СДСМ во Битола и поранешен член на Централниот одбор на СДСМ. Крајовски важеше за близок до поранешниот директор на АД ЕСМ, бегалецот Васко Ковачевски.  1000010648Крајовски иако во последниот период не беше забележителен на политичката сцена во Битола, сепак се појави на митингот на СДСМ за локалните избори кога во Битола дојде и лидерот Венко Филипче.    (А. Б)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани