2win800x200

Вршител на должност ќе ја води општинската на СДСМ Битола

Јануари 23, 2026
фото СДСМ фото СДСМ

Општинската организација на СДСМ Битола ќе ја води вршител на должност (в.д.) до изборот на претседател, потврдува за АПЛА, Драган Крајовски, висок партиски функционер.

Откако доскорешниот Методија Куновски си поднесе оставка од функцијата, општинската организација е без претседател. Партијата е оставена во рацете на Централниот одбор, со мандат помеѓу два конгреси. Членови на Централниот одбор се Зоран Стојчевски, Елизабета Ивановска, Методија Илиевски и Андреј Стојановски.

485749309 1201691331322357 1551787237364702609 n

Венко Филипче во Битола

 

 

За вршител на должност социјадемократи брифираат дека најдобро решение ќе биде советникот Петар Николовски, со оглед на тоа што беше ностел на листата за советници и е потпретседател на младината на СДСМ. Николовски е добро упатен во сите актуелни состојби и проблеми во партијата и може најдобро да одговоори на предизвикот на времената функција, до избор на лидер во Битола. За времен претседател некои го споменуваат и поранешниот советник Борче Корлевски, но тој е во кумска врска со Драган Крајовски и партијата би наликувала на „збирштина“ на партиски другари.  

Она што е важно околу изборот на претседател е дека СДСМ најавува промени во статутот, а едни од нив е во иднина Општинските конференции да одлучуваат кој ќе биде претседател на oпштинските организации, вклучително и во СДСМ Битола.

Драган Крајовски ни изјави дека –„Поради  тоа што претседателот на ОО на СДСМ Битола е во оставка се очекува да биде назначен вршител на должност од страна на претседателот Венко Филипче. Вршителот на должност ќе ја води општинската и ќе спроведи постапка за избор на претседател на партијата во Битола“, изјави денеска за АПЛА, Крајовски.

 

Зоран Стојчевски, член на Централниот одбор на СДСМ, смета дека беспредметно е да се постави вршител на должност кога според актуелниот статут на партијата, претседателот Венко Филипче има право веднаш да постави претседател на општинската во Битола.

„Зошто ни е вршител на должност кога претседателот Филипче може директно да ја реши ситуацијата и да постави претседател во Битола согласно постојниот статут. Вршителот на должност е само изгубено време. Она што треба да се направи е да се смени статутот на утрешниот конгрес на партијата со што или Општинските конференции или членството на СДСМ да може самите да го бираат претседателот“, изјави Стојчевски за АПЛА.

 

486553601 1064491722388251 1070216359372027563 n

фото Фејсбук

  

Битолските социјалдемократи веќе се поделени на многу фракции и добро упатените велат дека кој и да биде назначен за претседател нема да биде прифатен од мнозинството од членовите, односно останати фракции. Но, за повеќето е јасно дека оние што не го поддржаа Методија Куновски за кандидат за градоначалник и ја „крепеа“ идејата Габриела Илиевска да биде заеднички кандидат на „опозицијата“, за градоначалник на Битола на последните локалните избори, ќе одат во аут.

Социјалдемократи за АПЛА велат дека во овој момент најголеми шанси да напредуваат имаат луѓето блиски до Драган Крајовски, но и тоа е дискутабилно ако се знае дека кога Филипче пред повеќе од година и пол го разреши Крајовски, многумина од неговото опкружување му свртија грб и се приклонија на новото раководство предводено од Куновски.

Едни од најдоследните од таборот на Крајовски се сметаат Томислав Велковски и Игор Огненов. И двата си дадоа оставка од координатори на реоните еден и четири во партиската структура, кога во општинската организација дојде Куновски. Велковски дури одби да биде и член на Надзорниот одбор во времето на Куновски.

Оттука како играчи од тимот на Крајовски, Велковски и Огненов имаат шанса да ја водат партијата во Битола по „играта“ со вршителот на должност.

 

фото сдсм

фото Фејсбук

 

Меѓутоа, социјалдеморати со кои разговараше АПЛА велат дека всушност сите овие ликови се поврзуваат со уште една личност, Миле Велјановски, кој беше поранешен организациски секретар на партијата во времето кога претседател беше Крајовски. Велјановски е познат во јавноста како поранешниот личен шофер на бегалецот Васко Ковачевски, роднински поврзан, кој подоцна напредуваше во кариерата и стана директор на ЕСМ Молика, односно хотел Молика на Пелистер.

 

556881741 1215056987331723 6962514442315576209 n

фото фејсбук

 

Меѓу сериозните кандидати за преземање на општинската во Битола повторно се споменува Петар Николовски близок до поранешниот потпретседател на СДСМ, Методија Илиевски. Всушност кога Илиевски стана потпретседател на паријата, со полна доверба го предложи Николовски за негов заменик на советничката група. Софија Ристевска-Петрушева советник во Советот на Општина Битола, се смета за независен „играч“ која исто така се споменува за лидер на СДСМ во Битола.

 

Анета Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани