„Знам дека во минатото имаше турбуленции. Некои останаа, а некои си заминаа. Но сега сакам да порачам нешто: вратите на СДСМ се ширум отворени за секој социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата. Денеска ставаме точка на раздорите“. Ова, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го изјави на воведното обраќање на денешниот Конгрес на СДСМ кој се одржува во хотелот „Александар Палас“. -"Кој мисли да биде Тројански коњ на ВМРО-ДПМНЕ, нека си замине веднаш. Немаме луксуз за суети. Нема седење. Нема веќе пишување статуси на Фејсбук. СДСМ излегува на терен. Ќе чукнеме на секоја врата за да ја разбудиме Македонија. Пред нас е борба, со знаење, чесност и со срце. СДСМ е силата која носи промени. Немаме време за страв, туку само за храброст. Надежта има име и се вика – СДСМ“, порача Филипче.
Филипче на Конгресот порача дека партијата влегува во фаза на мобилизација, без простор за внатрешни поделби, со директна критика кон власта и повик за излез на терен и борба за државата.













