2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Драган Крајовски не поднесува оставка од лидер на СДСМ-Битола! Кој друг ќе замине во политичка пензија

Мај 09, 2024

Претседателот на ОО на СДСМ Битола, Драган Крајовски, по вчерашниот изборен дебакл на СДСМ во Битола за Апла.мк вели дека во овој момент не поднесува оставка и ќе чека насоки од централата во Скопје.

Крајовски во изјава за Апла.мк вели дека -Поразот на СДСМ е во целата држава по што треба да се направи генерална анализа.  

-Со општинската организација на СДСМ Битола управува Извршен и Надзорен одбор, без консултации со овие два органи и сите анализи оставката ќе биде многу своеволна. Чекаме насоки од централата, изјави Крајовски за Апла.   

Ако Крајовски се предомисли и без да ги чека промените во Скопје, се реши да ја напушти челната позиција во ОО на СДСМ Битола, тоа би значело дека во пакет со него оди и секретарот Гордана Анастасовска и избраните членови на највискоите партиски тела. 

Синоќа одма по првичните резултати за катастрофалниот пораз на СДСМ  на двојните избори оставки дадоа Фатмир Битиќи и Перо Костадинов од највиското раководството на СДСМ.  

Вчера во Битола СДСМ освои 9389 гласови за парламентарните избори (наспроти 24605 на ВМРО ДПМНЕ), додека за кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски гласаа 

13820 битолчани. Разликата во гласови кај СДСМ меѓу парламентарните и претседателските избори е 4431 глас во корист на претседателскиот кандидат.

Познавачите на приликите во ОО на СДСМ Битола велат дека Крајовски недвосмислено ќе биде сменет од позицијата, а кој ќе биде на негово место зависи кој ќе ја земе партијата на централно ниво. По вчерашните резултати најголем број пратеници СДСМ освои во четврттата изборна единица на носителот д-р Венко Филипче. 

Оној кој во моментот се  споменува за нов лидер на СДСМ Битола е Методија Илиевски, советник во битолскиот Совет и кандидат за пратеник, а не е исклучено општинската организација повторно да падне во рацете на Васко Ковачевски, за кого партиски извори велат дека се вратил во општинската  неколку дена пред гласањето за да го наметна својот авторитет. 

Партиски извори велат дека по овој резултат најголемата вина треба да се лоцира кај потпретседателката на СДСМ, министер за култура  и сега веќе избран пратеник Бисера Костадиновска-Стојчевска како највлијателна фигура во овој изборен процес во Битола и регионот. 

Колумнистот на Апла.мк Димитар Пипилевски кој воедно е и член на СДСМ во својата колумна „Не ни е ниту Максим ниту Бранко ниту Стојко крив!“ објавена по првиот круг од претседателките избори јасно прачува дека - Веднаш по конструирањето на парламентот, врвот на СДСМ да поднесе неотповилкиви оставки од сите партиски функции, носителите и коносителите на листи уште следниот ден да ги вратат пратеничките мандати (оти нели тие ќе ја носеа победата). 

Дали оваа порака од членови на СДСМ значи дека, ако се има смисол за политичка одговорност, Костадиновска-Стојчевска треба да го врати пратеничкиот мандат  и како што вели Пипилевски -„...да бидат доблесни и да одат во политичка пензија, бидејќи време е партијата да функционира со експерти од секоја област, а не со непроменливите партиски кадри кои се најзаслужни за казната која ја добивме, а не е прва.“

 

Анета Блажевска 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани