2win800x200

Методија Куновски поднесе оставка од претседател на СДСМ Битола само ден по влегувањето на Драган Крајовски во ИО

Декември 17, 2025
Методија Куновски попднесе оставка од претседател на ОО на СДСМ Битола. Образложението ви го пренесуваме во целост.
Оставката доаѓа само еден ден по влегувањето на Драган Крајовски во Извршниот одбор на СДСМ.  https://nezavisen.mk/liderot-na-socijaldemokratite-vo-bitola-si-podnese-ostavka/
 
Почитувани сопартијци и граѓани,
Со ова мое писмено обраќање, сакам да ве известам дека денес до претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја поднесов мојата ОСТАВКА од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Битола.
Одлуката ја донесов по темелна и одговорна лична и политичка проценка. Таа е резултат на подолг процес во кој, како претседател, се соочував со сериозна дилема помеѓу чувството на обврска и одговорност кон организацијата и впечатокот дека принципите што јавно ги застапуваме, во пракса сѐ потешко се остваруваат. Социјалдемократијата во која верувам, не е декларација, туку вредносен систем што мора да се живее секојдневно – низ транспарентност, вклученост и политичка одговорност.
Функцијата ја прифатив со искрена и чесна намера да придонесам во јакнењето на организацијата, нејзино отворање кон членството и враќање на довербата кај граѓаните. За жал, во текот на изминатиот период сѐ поизразени станаа практики кои не се во согласност со моите лични принципи, како и со вредностите на социјалдемократијата.
Не можам и не сакам да носам функција без суштинска можност за влијание, ниту да бидам формално присутен во процеси со кои суштински не се согласувам. Сметам дека политичката и моралната одговорност налага јасен став и чесен чекор, особено кон членството и кон граѓаните на Битола.
Изразувам искрена благодарност до сите членови, активисти и поддржувачи кои со посветеност и интегритет веруваа дека СДСМ може и мора подобро. Тие луѓе се вистинскиот темел на организацијата и заслужуваат партија што ќе ги слуша, ќе ги почитува и ќе им служи.
Мојата оставка не претставува откажување од социјалдемократската идеја, туку обид да се зачува нејзиниот интегритет и кредибилитет. Останувам член на СДСМ и активен граѓанин кој ќе продолжи јавно да се залага за вредностите поради кои воопшто влегов во политиката.
Историјата нè учи дека партиите не ги губат изборите тогаш кога губат власт, туку тогаш кога ќе ја изгубат храброста да се погледнат себеси во очи.
До некои подобри времиња во кои чо(в)екот ќе биде пред сѐ,
Со почит,
Методија Куновски
17.12.2025 година
Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани