2win800x200

Панел дискусија во Битола -„КАКО ДО ПОДОБРИ УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА“

Декември 17, 2025
Јавните претпријатија како сервис на граѓаните се важна алка во нашето секојдневие. И тие беа и се исправени пред бројни предизвици. По ковид пандемијата следуваше енергетската криза, а потоа периодот на напорите за нивно стабилизирање.
Советот на Општина Битола и Општина Битола, како транспарентни институции ја организираат оваа панел дискусија со цел да се отвори темата за тоа како до подобри услуги за граѓаните од јавните претпријатија.
На панел дискусијата ќе учествуваат градоначалникот на Битола, претседателот на Совeтот, директорите на јавните претпријатија, експерти од оваа област, а отворена е поканата и до поранешни директори, потоа пратеници, советници, граѓански организации и медиумите.
Панел дискусијата ќе се одржи в петок 19-ти декември со почеток во 13:30 часот во киното „Манаки“.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани