2win800x200

Посмртнината се зголемува на 40.000 денари - Одлука на Фондот поради поскапените погребни услуги

Декември 26, 2025
Википедиа - гробишта Битола Света Недела Википедиа - гробишта Битола Света Недела

Посмртнината за пензионерите се зголемува од 35.000 на 40.000 денари, одлучи Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, со што семејствата на починатите корисници ќе добијат поголема финансиска поддршка во најтешките моменти.

Одлуката е донесена поради значително зголемените трошоци за погребни услуги во земјава, а мерката е иницирана од Регистрираната организација за Солидарен фонд. Наместо досегашните 35.000 денари, од сега ќе се исплаќаат 40.000 денари посмртнина.

За да се обезбеди финансиска стабилност на Солидарниот фонд, месечната задршка од пензиите се зголемува од 140 на 150 денари.

Како што информираше Станка Трајкова, член на Управниот одбор на ПИОМ и претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, ова минимално зголемување е неопходно за одржување на ликвидноста на Фондот.

– Бројот на пензионери постојано расте, а зголемувањето од 10 денари на месечно ниво создава значајни дополнителни средства кои овозможуваат навремена и сигурна исплата – посочи Трајкова.

Со зголемувањето на посмртнината за 5.000 денари, институциите настојуваат да го ублажат социјалниот притисок врз пензионерите и нивните семејства, во услови на продолжена економска неизвесност и раст на животните трошоци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани