Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола во 2026 очекува значително подобрување на финансиската состојба, вели директорот Горан Степановски.
А, за да се опише состојбата во „Комуналец“ треба да се земат предвид три моменти, состојбата во 2021 година, сработеното во периодот 2022-2025 и планови, активности и предизвици кои биле и следуваат, вели тој.
„Во 2021 година со самото преземање, претпријатието беше во специфична состојба без доволно средства за плата, но набрзо истата состојба беше надмината. Од 2021-та година па наваму претпријатието континуирано работи со загуба, но треба да се споменат неколку моменти од кои потекнува таа загуба. Во периодот од 2022 година се затекнавме со тужби од вработени за бенифициран стаж кое беше законско право на вработениот, но неисплатено во минатото , што беше првиот тежок удар за ЈП „Комуналец“. Истото во координација и соработка со синдикатите и вработените беше исплатено и во овој момент се исплаќа во редовна постапка со платата за тековниот месец. Потоа кредит со грејс педиод кој за среќа или несреќа првиот ануитет дојде баш во овој тежок период од 2022 година кој се исплати навремено до 2024“, истакнува Степановски.
И покрај сите овие моменти, вели тој, „Комуналец“ секојдневно и навремено врши подигнување на смет и одржување на јавните зелени површини.
„Во изминатиот период инвестиравме во поставување на нови елементи во 6 детски маалски паркови и паркот кај Довлеџик со комплетно уредување и поставување на осветлување и систем за наводнување, уредување на Офицерскиот дом , уредување на новиот кружен тек меѓу улиците „Прилепска“ и „Баталјон Стив Наумов“, се поднови возниот парк за нови 3 возила за собирање на смет, секоја година се правеа повеќе акции за чистење на дивите депонии низ градот во еден дел самото ЈП „Комуналец“ , дел во соработка со останатите јавни претпријатија и приватни компании. Исто така учествуваме во меѓуграничен проект со вкупна вредност од 851.754 евра во кој ЈП „Комуналец“ ќе добие центар за повторна употреба на материјали, возило и учествува со околу 30 % од вкупните средства добиени со овој проект“ објаснува директорот на претпријатието.
Степановски вели дека во изминатите 4 години во пет наврати се корегираа платите на вработените во просек околу 12.000 нето плата по вработен во јавното претпријатие, што претставува еден од поголемите проблеми кои ги има јавното претпријатие.
„Мора да се напомене фактот дека цените на услугите не се променети повеќе од 30 години за разлика од останатите градови од околината кои во овој временски период повеќе наврати вршеле корекции на цени“ истакнува Степановски.
Додава дека во идниот период со корекција на цените ќе се саниираат сите настанати трошоци од изминатите период.
Исто така ќе се инвестира во нови возила, цистерна, трактор со приклучна механизација, комбе за транспорт на луѓе и материјали кои се неопходни во тековната работа, но за да се спроведе тоа неопходно е корегирање на цените согласно животниот стандард на граѓаните, вели тој.