
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интервју со Јане Велкоски граѓански активист од Битола која работеше на тема сообраќајот во Битола, проект реализиран со поддршка на Швајцарската програма за поддршка на изборите во Македонија, спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). https://drive.google.com/file/d/1noSbS5nNG_HnLMmYieWW207O1iTKc-wg/view?usp=sharing
Кои се заклучоците од проектот?
Одговор: Проектот покажа дека сообраќајната безбедност во Битола е на незадоволително ниво и дека проблемите се системски. Недостасува соодветна инфраструктура, јасна и модерна сигнализација и ефективна контрола, при што најзагрозени се пешаците, велосипедистите и децата.
Кои се најкритичните точки во сообраќајот во Битола?
Одговор: Најкритични се фреквентните раскрсници, зоните околу училишта и градинки, централното градско подрачје и улиците каде што често се вози со прекумерна брзина и недостасува соодветна сигнализација. Целокупната анализа на овие локации, заедно со конкретни предлози за нивно унапредување, е систематизирана и јавно објавена во т.н. „мала книга на решенија“.
Каква е состојбата со велопатеките, пешачките патеки и премини?
Одговор: Состојбата е загрижувачка – велопатеките се недоволни и неповрзани, често не се физички одвоени од пешачките површини. Потребно е велопатеките да бидат јасно одвоени од тротоарите со поголема бариера или заштитен појас, да има велосипедски семафори и подобрена сигнализација. Пешачките патеки се оштетени или зафатени со паркирани возила, а пешачките премини се слабо обележани и небезбедни, особено во вечерните часови.
Кој го спроведе истражувањето?
Одговор: Истражувањето го спроведов лично јас, преку онлајн анкета со испитаници, директни средби со граѓани и организација на јавна трибина.
Колку време траеше проектот и истражувањето?
Одговор: Проектот траеше неколку месеци, а истражувањето се одвиваше во повеќе фази, со цел да се добие сеопфатна и реална слика за состојбата на терен. Оваа иницијатива е подготвена во рамките на Швајцарската програма за поддршка на изборите во Македонија, спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).
Кои се решенијата?
Одговор: Потребни се итни и конкретни мерки: модернизација и подобрување на сообраќајната сигнализација, паметни семафори, паметни успорувачи, редовно и јасно обележување и осветлување на пешачките премини, поставување успорувачи на брзина и изградба на функционални велопатeки кои ќе бидат јасно одвоени од пешачките површини, со соодветна физичка бариера или заштитен појас. Дополнително, неопходно е воведување посебна велосипедска сигнализација и велосипедски семафори, јасни хоризонтални и вертикални ознаки, како и засилена сообраќајна контрола и доследна примена на правилата.
