Јане Велкоски е кандидат за советник на листата на СДСМ Битола, тој е препознатлив во јавноста преку неговите ангажмани како волонтер и хуманист, поддржувач на различни иницијативи за заштита на животната средина.
-Инженер по компјутерски науки, вработен во глобална ИТ компанија. Активен во младински и студентски проекти, со искуство во водење интернационални
организации, здруженија и реализирање на проекти. Волонтер и хуманист, поддржувач и донатор во различни иницијативи за општествена добробит и заштита на животната средина. Учесник на интернационални обуки и политички академии во земјата и странство, како и на обуки за проектен менаџмент и дигитализација.
Верува дека младите треба да останат и да се развиваат во својот град, а вработувањето во приватниот сектор е клучно за професионален и личен раст. Отворена личност, достапна за сите, во секој момент. Човек што своите интегритет, искуство и наклонетост за технологија умешно ги комбинира со граѓански активизам, солидарност и идеи за подобро утре, објавија од ОО на СДСМ Битола.