Марина Крстиќ - кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ - позната меѓу битолчани по своето професионално искуство од областа на социјалната заштита и политика

Октомври 03, 2025

Марина Крстиќ e кандидат за советник во Советот на Општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со дводецениско професионално искуство од областа на социјалната заштита и политика.

-Марина Крстиќ, завршува додипломски студии на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј‘‘ во Скопје, Филозофски факултет, Институт за специјална едукација и рехабилитација како специјален едукатор рехабилитатор, а постдипломски студии - образование на надарени и талентирани, завршува на Универзитетот „Св. Климент Охридски‘‘ - Битола на Педагошкиот факултет, под менторство на проф. д-р Иван Фербежер од Словенија.
Има богато скоро дводецениско професионално искуство од областа на социјалната заштита и политика, активно учествува на меѓународни, научно - стручни конференции во земјата и странство и е автор на 10 научно - истражувачки труда.
Објавила голем број оригинални стручни текстови на интернет едукативни портали и во стручни списанија од областа на деца со попреченост и надарени и талентирани деца. Крстиќ се јавува и како авторка на работни листови за деца со атипичен и типичен развој. Посетувала, исто така и бројни сертифицирани стручни обуки од областа на социјалната заштита, лица и деца со попреченост и надарени и талентирани, во земјата и странство. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани