2win800x200

Првото женско бебе во Битола, второто машко

Јануари 01, 2026

ПРВОТО ЖЕНСКО, А ВТОРОТО МАШКО-СЕ ПРВОРОДЕНИТЕ БЕБИЊА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА

 
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски претпладнево беше посета на Клиничката болница-Битола каде рече дека убав е поводот како и секоја година, првиот ден од годината да ја дочекаме заедно и да ја прославиме со оние кои не израдуваа.
 
„Битола доби два нови жители, две малечки души, две бебиња. Првото е женско Бистра, се надевам дека ќе ни ја избистри годината, ќе ни донесе радост и среќа на сите нас и второто е Петар. Двете мајки се битолчанки, ова им се први бебиња. Им посакавме среќа, убавини во животот и уште многу дечиња“ рече градоначалникот Коњановски.
 
Пригодни подароци, финансиска помош и од општината и од приватни фирми.
 
„И двете мајки и двете бебиња се во добра состојба“, рече доктор Тихомир Велевски, специјалист по гинекологија и акушерство.
 
Првото бебе со родилна телесна маса 3300 грама, а второто бебе со родилна телесна маса 3460 грама.
 
Директорката на Клиничката болница Ненси Лозанче рече дека двете мајки се прворотки и дека она што важи дека прво женско дете родено е бериќет, таква ќе биде бериќетна и успешна годината. Таа им се заблагодари на целиот персонал кој ноќта ја помина работно.
 
Релативно мирна ноќ имало на одделенијата во однос на интервенции на новогодишната ноќ, рече директорката Лозанче, а градоначалникот Коњановски кажа дека ја посетил и Итната медицинска служба каде го информираа дека ситуацијата во Битола била мирна, во смисла на интервенции.
 
Коњановски беше и во посета на детското одделение каде на хоспитализираните деца и им посака среќна Нова година и им подари новогодишни пакетчиња.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани