2win800x200

Ризик од поплави ширум Македонија – УХМР со итно предупредување

Јануари 09, 2026

Управата за хидрометеоролошки работи попладнево издаде вонредно соопштение за состојбата со водостоите во државата, предупредувајќи дека во текот на 9 и 10 јануари постои сериозна можност за нагло покачување на нивото на реките и нивно излевање од коритата. Според најновата хидролошка карта, речиси целата територија на Македонија се наоѓа во таканаречена „жолта фаза“, која означува потенцијално опасна состојба. Во оваа зона се вклучени сливот на реката Вардар и поголемиот дел од западниот, источниот и централниот дел на земјата. Единствено југоисточниот регион, односно подрачјето околу сливот на Струмица и Дојран, засега останува во зелена зона, што значи дека таму нема индикации за опасност.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат особено внимателни, особено оние кои живеат или се движат во близина на реки, потоци и суводолници. Се препорачува избегнување на непотребни движења покрај водотеците и внимателно следење на состојбата на терен.

Предупредувањето доаѓа во период на нестабилни временски услови, кои можат брзо да предизвикаат промени во водостоите. Надлежните институции најавуваат дека ќе ја следат состојбата и во наредните денови, а граѓаните се повикуваат редовно да ги следат официјалните информации и навреме да ги почитуваат препораките.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани