
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Илјадници верници ќе учествуваат во древниот обред на скокање по светиот крст, симбол на чистотата, благословот и на духовната обнова. Церемониите ќе се одржат во Скопје, Охрид, Битола и во повеќе градови низ Македонија, а за безбедноста ќе се погрижат спасувачки екипи, медицински тимови и полицијата.
На 19.01.2026 г., празнувајќи го Богојавлението Господово, кога Спасителот наш Господ Исус Христос се крсти во реката Јордан, и во храмовите на Преспанско пелагонската епархија ќе се отслужи Света Божествена Литургија во повеќе храмови. Централната свеченост е во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.
Празникот Богојавление Водици се слави од вториот век на 19 јануари и е поврзан со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Овој празник се нарекува уште и Водици, поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Се верува дека тој што ќе го фати крстот ќе го следи благослов и среќа цела година.
