
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод Богојавление - Водици, во храмот Света Недела во Битола, понеделник на 19 јануари со почеток во 10 часот ќе се одржи традиционалното спуштање на Светиот Крст во водите од базенот пред црквата.
Спуштањето на Светиот Крст во осветените води ќе биде од страна на отец Николче Неделковски.
-Овој значаен настан секоја година обединува бројни верници од нашата заедница. настанот симболизира чистење на душата и телото потсетувајќи на крштението на Господ наш Исус Христос во реката Јордан. Спуштањето на Светиот Крст е чин која ја потикнува вербата и заедништвото меѓу луѓето, порачуваат од храмот Света Недела во Битола.
На свечениот лин се повикуваат сите православни верници да земат учество и да го следат настанот.
А.Б
