
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од државно значење АДИССДП, предвидува реализација на проекти за изградба на нови станбени објекти во Штип, Битола и Скопје. Дополнително, планирани се тендерски постапки за избор на изведувачи за два комерцијални објекти во Охрид и во Битола во тековната година.
Ова го потврди Марјан Стефановски, директор на АДИССДП, кој за МИА ги сподели плановите за работа на компанијата за 2026 година.
Започната е изградба на комерцијална станбена зграда во Битола со 65 станбени единици. Во истиот град е предвидена изградба и на уште еден станбен објект со вкупно 60 станови.
Во наредниот период се очекува започнување на тендерска постапка за избор на изведувач за еден од објектите во Охрид, како и за планираниот станбен објект во Битола.
Од компанијата информираат дека стабилизирањето на цените на пазарот на недвижности не зависи исклучиво од еден фактор. Процесот е условен и од пошироките економски услови и пазарни движења, поради што решенијата бараат координиран и долгорочен пристап.
