2win800x200

Денес се очекува решение за проблемот на превозниците - Меџитлија и денеска затворен за товарен сообраќај поради протест на превозниците

Јануари 29, 2026

 

АМСМ соопшти дека поради протестот на камионските превозници, блокирани се повеќе гранични премини за влез и за излез од државата. Четврти ден е блокиран и граничниот премин Меџитлија на македонско-грчката граница, поради протест на превозниците. 

Здруженијата на транспортни компании на Македонија  Србија, Црна Гора и  Босна и Херцеговина, кои организираа заеднички протест, денеска ги продолжуваат блокадите на граничните терминали за товар кон земјите од ЕУ, но очекуваат денеска да биде донесено решение од Европската комисија за проблемот што создава ограничен престој за возачите во земјите од Шенгенскиот договор за 90 дена во период од шест месеци.

Во октомври 2025 година, Европската комисија воведе електронска регистрација за влез и излез (систем за излез и излез – EES), која строго ја контролира должината на престојот на професионалните возачи во 29-те земји од ЕУ и Шенгенскиот договор, со што им се преполови работното време и поради што, од 26 јануари, ги блокираат сите гранични товарни премини меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ.

Европската комисија, чии земји трпат штета поради неможноста за испорака на стока од Западен Балкан, вчера објави дека денеска ќе ја објави работната верзија на новата стратегија за визи на ЕУ, која треба да предвиди системско решение за професионалните возачи од земјите надвор од Шенгенскиот договор во форма на специјални визи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани