2win800x200

Цариници од Битола открија голема количина тутунски производи во вредност од 1,8 милиони денари

Јануари 29, 2026
Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета при извршена акција на мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битола, при контрола на малопродажен објект во Струга.
При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, без акцизни маркички.
Со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е избегнато плаќање акциза во износ од 509 илјади денари. Против сторителите е поведена соодветна постапка.
Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и заштита на здравјето на граѓаните.
624474744 1261614982447287 4296341167636041766 n
624572119 1261615205780598 5869216620695950694 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани