
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот на Општина Битола денес ја одржува 5-та редовна седница на која како што започна примената на електронскиот систем на гласање и на пленарните седници. Со ова како што вели претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, Советот на Општина Битола е прв пример со електронско гласање од општините во Македонија.
-Со воведувањето на новиот електронски систем за гласање, граѓаните и советници конечно имаат целосен и прецизен увид во работата на Советот. Секој граѓанин ќе може да види кој советник бил присутен на седницата, како гласал за секоја точка од дневниот ред. Гласањето јавно се прикажува на монитор во салата, а како составен дел на секој записник има детален извештај од секое гласање, кој ќе биде архивиран и достапен. За разлика од минатото, каде во записниците на пример од 2019 година постојат само бројки (колку гласале ЗА, ПРОТИВ или ВОЗДРЖАНИ), без јасен увид кој советник како гласал, сега таа нејаснотија станува минато. Ова е чекор кон вистинска транспарентност, отчетност, вели претседателот на Совет Бојан Бојкоски за Апла.мк
А.Б

