2win800x200

Девојче од Битола на 18 години фатено со дрога на ул.„Партизанска“, на ул.„Илинденска“ фатен дилер на дрога

Февруари 02, 2026
СВР официјално информира - Претреси во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
 
На 02.02.2026 во 02:00 часот на ул.„Партизанска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода М.Р.(18) од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја. Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана. 
 
На 02.02.2026 во 01:05 часот на ул.„Илинденска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.Н.(40) од Битола. При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и  прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и  растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога. 
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидата поднесени соодветни пријави. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани