Започнува издавањето на дозволи за рекреативен риболов за 2026 година на акумулацијата „Стрежево”
Од 02.02.2026 година (понеделник) започнува издавањето на дозволи за рекреативен риболов за 2026 година за риболовното подрачје „Стрежево“.
Висината на надоместокот за дозволите за риболов на акумулацијата „Стрежево“ е утврдена на следните износи:
Годишна дозвола за членови на ЗСР „Стрежево“ – 1.000 денари (важност 365 дена од денот на издавање),
Годишна дозвола (редовна цена) – 1.500 денари(важност 365 дена од денот на издавање),
Месечна дозвола – 800 денари,
Тродневна дозвола – 500 денари,
Еднодневна дозвола – 200 денари.
Сите заинтересирани рекреативни риболовци можат да се информираат и да ги подигнат своите дозволи во Управната зграда на „Стрежево“.