Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски
средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и
фондации за 2026 година.
Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот на
општина Битола во висина од 500.000,00 денари (петстотини илјади денари)
се врши преку грантови за проекти во приоритетни области и цели кои се
однесуваат на: локален економски развој, образование, култура,
здравство, екологија и социјална заштита
Временската рамка за спроведување на проектите е до крајот на фискалната
година, односно до 31.12.2026 година.
Висината на финансиските средства кои можат да се добијат за поединечен
проект на здружение/фондација изнесуваат најмногу до 50.000 денари.
Документацијата се доставува до Општина Битола-Комисија за финансии и
буџет, Булевар ,,1-ви Мај“ бр.61, во рок од 15 дена, почнувајќи од
10.02.2026 година, заклучно со 24.02.2026 година.
Повеќе на следниот линк: