
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мобилните имаат прават штета врз здравјето на детето, затоа наместо мобилен овозможете му на детето здрав раст и мотивирајте го со одредена физичка активност.
Физиотерапевтите Илија Жежов и Симона Велјановска велат дека здравствените навики се поретко се во фокусот кај младите.
-Се почести се сколиозите кај децата. Нема родител да не се пожали дека кај своето дете забележал искривување на рбетот, дека има сколиоза или друг проблем со вратот или рбетот. Прекумерната употреба на мобилните телефони од страна на најмладите може сериозно да го наруши нивниот раст и развој, особено кога станува збор за стекнување и усовршување на говорните вештини. Иако родителите често ги користат уредите за да го задржат вниманието на децата со помош на шарени слики и видеа, тука настануваат најголемите проблеми кај децата.

Како физиотерапевти кои се соочуваме и се занимаваме секојдневно со низа на здравствени проблеми како што се сколиози и кифози на младите родители им посочуваме дека овој пристап кај децата не е ефикасен за учење и може да има доста штетни последици во растот и развојот кај децата. Наместо да се поттикнуваат активно преку комуникација и интеракција, екраните можат да создадат пасивност, да го оштетат видот и да го намалат времето посветено на говорни игри, спорт и разговори кои се пак клучен фактор за правилен развој кај децата. Оваа дигитална навика, доколку не се контролира, може да доведе до одложено проговарање, посиромашен речник и отежнато изразување кај децата. Наместо да се потпираат на технолошките уреди како алатка за смирување или забава, родителите треба да се фокусираат на директна комуникација или одредена физичка активност преку која ќе го мотивираат детето да биде физички подготвено. Ограничувањето на времето поминато пред екранот на мобилниот телефон и насочувањето на енергијата кон интерактивни активности е клучно за здравиот развој на детето, укажуваат нашите физиотерапевти Жежов и Велјановска.

Според нив, пливањето, кошарката како и друга одредена физичка активност има голема улога во правилниот развиток и раст на детето. Со одредената физичка активност детето не само што стекнува здрава навика за вежбање гради добра дефиниција на мускулатура чија градба на телото спречува процеси на сколиоза или друг вид здравствен проблем во одредена регија на телото. Децата треба често да се носат на физиотерапевт, физиотрапевтот да ги прави редовно контролите кај децата. Мерења, анализа на развивањето на детето, мерење на степен на развиена сколиоза или друг здравствен проблем кај детето. На секои 6 месеци добро е да се прават ваквите контроли. Доколку дојде до било каков здрвствен проблем со детето проблемот да може навремено да биде решаван се со цел да не дојде до степен на сериозно развиена сколиоза која би барала сериозна физикална терапија во подолг временски период или во краен случај хируршка интервенција. Следете ги здравствените препораки, бидете одговорни родители и внимавајте на своите деца секогаш навреме и дозволете вашето дете да биде физички подготвено, спремно и посилно. Со здрав рбет, здрави зглобови и сочувани здрави навики во насоки кон спорт и физичка подготвеност е најдоброто решение за развој на децата, порачуваат Илија Жежов - физиотерапевт и специјалист по здравствен фитнес и Симона Велјановска - физиотерапевт при одд. за спортска медицина во Здравствен дом Битола.
